Категории

Ако не можете да заспиете, обидете се со оваа кратка метода!

Ако имате проблем со несоница, обидете се со оваа техника 4-7-8, која ја развил докторот Ендру Вејл, харвардски стручњак за сон.

Својата метода ја опишал како „природна техника за смирување на нервниот систем“ и „едноставен начин да се ослободите од стресот со помош на елементарна медитација“. Тој трик се темели на древната индиска пракса пранајама, што значи „регулирање на дишењето“.

Како делува методата 4-7-8?

Доктор Вејл вели дека е многу едноставна и дека за неа не е потребна никаква опрема, а може да се изведува секаде.

1. Најпрво мора да го ставите врвот на јазикот на горните непца, позади предните заби и така држете сѐ до крајот на вежбата.

2. Потполно издишете на уста испуштајќи звук со шуштење.

3. Затворете ја устата и вдишете тивко преку нос броејќи во себе до 4

4. Задржете го здивот додека броите до 7.

5. Потполно издишете на уста, шуштејќи додека броите до 8.

Повторете го циклусот уште четири пати. Имајте на ум дека секогаш треба да вдишувате полека преку нос и да издишете силно преку уста – напоменува доктор Вејл.

Прегледи:
469
Објавено на:
24.11.2021