Категории

Ако не ве ценат, не се докажувајте – Бидете она што сте!

Не е проблемот во вас, во нив е. Немојте поради тоа да ги спуштате своите критериуми и да правите се што тие ќе посакаат, да изигравате нивен кловн. Верувајте дека ќе ве искористат во следната прилика, тоа е во нивната срж. Кога ќе им дадете прст – тие земаат цела рака. На крајот поради тоа и нема повеќе да ве ценат, па сетоа тоа што сте го направиле ќе биде залудно.

Ако не ве ценат, немојте да се докажувате – бидете она што сте. Немојте да ја спуштате цената на вашето достоинство поради стекнување доверба, нема и онака да ја добиете. Ако не ви веруваат – немојте да се докажувате и да им се правдате, како работите и зошто. Кога не сакаат да ви веруваат – нека не сакаат. Ќе го искористат тоа за некои лоши намери. Доволно е само да останете верни на себе и покрај се и ќе видите дека всушност после некое време и самите ќе се менувате. Но не очекувајте промена преку ноќ.

Немојте да ги молите за љубов ако не ве сакаат. Тоа ќе во уништи и вам и вашата верба во луѓето. Немојте да ползите пред таквите луѓе, да им дозволувате во вашата присутност да внесуваат само негативност од туѓите животи, тоа ви е најдобар знак дека од таквите луѓе треба да се оттргнете што побрзо и морате да размислите за вашата желба да бидете дел од нивниот живот.

Вистинските луѓе порано или подоцна ќе ја откријат вашата вредност. Кога ќе пронајдете такви луѓе, држете ги како капка вода на дланка, а останатите игнорирајте ги. Вашите очи веднаш ќе ја забележат вредноста на таквите луѓе, но еднаш кга ќе ги препознаете немојте да дозволите ништо да ве оддели од нив. Кога ќе станете најдобрата верзија на себеси тогаш ќе се појават луѓе чија присутност ќе стане вистинска авантура на заедничкото живеење. Тогаш вашиот заеднички живот ќе стане она што отсекогаш сте го посакувале.

Прегледи:
972
Објавено на:
01.02.2020