Категории

Ако не ви носи мир во душата – Знајте дека не е вредно!

Научете да се дистанцирате од се што ве тера да мислите дека сте помалку вредни. Особено кога станува збор за општество кое треба да потценува друго за да се издигне. Тоа не е друштво за вас, и не се луѓе за никого. Научете да се оддалечувате од ситуации во кои секогаш завршувате губитник. Ситуации кои ве прават празни и несреќни. Ситуации во кои подоцна веќе не знаете за што ви служеле, ниту што сте научиле од нив.

Научете да се оддалечувате од сите места, моменти, ситуации и луѓе каде некогаш сте доживеале болка. Иако е вистина дека ти требаше таа болка за да созрееш и да станеш она што си, таа повеќе не ти треба. Можеби таа ви помогна да станете  посилна личност, но сега веќе не смее да ви биде пречка на патот на вашиот внатрешен мир. Кога ќе научите да се оддалечувате од сè што ја повредува вашата личност, ќе започне подобар живот за вас.

Прегледи:
409
Објавено на:
31.10.2021