Категории

Ако некој ти каже дека твоите соништа се нереални – Одговори му дека можеби се за неговиот потенцијал но не и за твојот!

Ако некој ти каже дека твојот поглед на светот е нереален, кажи му дека ако можеби е нереален за неговиот потенцијал но не и за твојот.

Стреми се кон тоа да создадеш емоционална состојба која ти одговара, која ќе те поддржува во твоите цели и ќе го зајакнува твојот потенцијал и желба за живот. Ако изгубиш врска со она што гори длабоко во тебе, со твоите најдлабоки желби, ако дозволиш тој пламен да изгасне, многу брзо брзо ќе стигнеш до точка кога ќе почнеш да размислуваш дека ништо во овој свет нема смисла.

Не прашувај се кога е вистинско време да превземиш некој чекор кој одамна си го посакувал. Запрашај се себеси дали поседуваш доволно храброст да го живееш животот кој го сакаш?

Постави си одредени очекувања од себеси. Биди силен и покажи како е тоа кога живееш живот кој го сакаш, како е кога веруваш во својот потенцијал и не се занимаваш со нешта кои го одвлекуваат твоето внимание и не придонесуваат во твојот успех.

Не размислувај за тоа колку е тешко за да ги оствариш своите цели, размислуваш само за начините кои ќе ти помогнат да го направиш тоа. Претвори ја својата слабост во сила и твоите стравови во најсилно оружје.

Ако некој ти каже дека твојот поглед на светот е нереален, кажи му дека ако можеби е нереален за неговиот потенцијал но не и за твојот.
Немој да дозволуваш да го занишаат твојот дух и да те убедат дека она што го посакуваш не е вредно или е премногу недостижно.
Запомни, се започнува од една мала мисла за која имаш волја да веруваш и мотивација да ја оствариш.