Категории

Ако претеруваме со овие 5 фризури, може да имаме сериозно последици на косата

Познато ни е дека претераното миење и фенирање на косата, ја оштетува косата.

Но дали знаете дека баш оние секојдневни фризури кои секојдневно ги носиме, може да се штетни за косата, доолку претераме со нивно носење.

Ако и вашата која е без сјај и живот, одморете ја малку од следниве 5 фризури:

1.Пунџа

Ако правите пунџа секој ден, ризикувате косата да ослабне по некое време и да почне да паѓа. Имено, истегнувањето на косата го ослабува коренот. Ако цел ден косата ви е во пунџа, пред спиење ослободете ја за да одмори.

2.Додатна коса

Секоја жена сонува за долга и бујна коса, но додатоците на прамени за коса понекогаш влијаат и лошо на вашата вистинска коса.

3.Испеглана коса

Повременото пеглање на косата со заштита е сосема ОК. Но секојдневно пеглање само ќе ја исуши вашата коса и ќе направи побрзо да се мрси.

4.Коњска опашка

Да, навистина изгледа прекрасно. Но постојаното врзување на тежината на косата на едно место, многу го ослабнува вланото на косата.

5.Тапирана коса

Не само што изгледа невкусно, но тапирањето премногу ја оштетува косата. Избегнувајте го!

Прегледи:
490
Објавено на:
20.03.2018