Категории

„Ако сакаш да бидеш добар јавач, јавни го најлошиот коњ“

Најголемите и најважни мудрости од Сократ кои секој мора да ги знае

Не запишал нити една реченица, но Сократовите мудрости и ден денес, повеќе од 2000 години подоцна, се споменуваат меѓу луѓето.
Не бил богат, немал кралско потекло, нити врвно образование, но сепак денес неговото име е епитом за мудрост. Неговата мудрост најчесто е наречена „мудрост на скромноста“ а првата лекција покажува зошто е тоа така.

ВИСТИНСКА МУДРОСТ Е ДА ЗНАЕШ ДЕКА НЕ ЗНАЕШ НИШТО
Јас сум најмудриот човек затоа што знам дека ништо не знам. Да знаеш значи да знаеш дека ништо не знаеш. Тоа е вистинското знаење. Знам дека сум интелигентен, ќе ја спознаеш вистинската мудрост само тогаш кога ќе сфатиш колку малку го познаваш животот, луѓето и светот околу себе.

Бидете онакви какви што сакате другите да ве гледаат
Најкраткиот и најсигурен пат до чесниот живот се состои во тоа, во реалноста да бидеме она што сакаме да бидеме, и ако го посматраме, ќе откриеме дека сите човечки вредности се зајакнуваат преку вежбање.

Ништо нема да се промени се додека не се промените самите
Оној кој сака да го промени светот, треба прво да почне од себеси. Запамтете, не постои ништо стабилно во човечките односи, затоа избегнувајте непотребно восхитување во миг на благосостојба, и неоправдана тага во миг на неволја.

Парите не се доблест, туку доблестите доаѓаат од парите и секое добро во човекот, било да е тоа јавно или приватно
Не правам ништо, само ве поттикнувам, млади и стари, немојте да трчате по материјалното, грижете се за својата душа. Ви кажувам, парите не се доблест, туку доблестите потекнуваат од парите и секое добро во човекот, било да е тоа јавно или приватно. Ова е мое учење, а ако ја уништува младината, сметајте ме за безобразен.

Вложете време во сопствено подобрување и надоградување
Вложете време во себеси и сопственото подобрување, учете го со леснотија она што некому е макотрпно да го научи.

Оние кои сфаќаат дека имаат доволно, се вистински богати
Најбогат е оној кој е задоволен со малите нешта, затоа што задоволството е богатство на природата. Задоволството е природно богатство а луксузот е вештачка сиромаштија.

Човек треба да јаде за да живее, а не да живее за да јаде
Безвредните луѓе живеат само за да јадат и пијат, оние кои вредат јадат и пијат за да живеат.

Не животот, туку добриот живот треба првенствено да се цени
Неистражуваниот живот не е вреден за живеење. Не е важно само да се живее, туку да се живее убаво. А убаво да се живее со сите уживања кои животот ги нуди според сопствените принципи.

Се се менува, никогаш ништо не останува исто
АКо не го добиете она кое го посакувате, тогаш страдате. Ако го добиете она што не го сакате – страдате. Дури и кога ќе го добиете она што го посакувате, и понатаму патите затоа што сте го добиле но не можете да го задржите засекогаш. Умот е вистинска неволја. Сака никогаш да не се менува, да биде ослободен од болка, обврски, смрт. Но промената е закон и не можете да се преправате дека не постои.

Не ограничувајте се на одредени делови од светот, истражувајте ги сите
Не сум нити Атињанин нити Грк, јас сум граѓанин на светот.

Немојте да дозволите другите да мислат место вас
За да се пронајдете, мислете сами.

Не враќајте на злото со зло, ќе се повредите самите
Повредениот не треба да ја возвраќа повредата, затоа што не е во ред да се прави лошо. Не е во ред да се возвраќа повредата или да се прави зло на било кого, и колку да ве повредиле.

Прегледи:
627
Објавено на:
10.12.2019