Категории

Ако се почитуваш самата себеси, престани да размислуваш што тој мисли и што сака да каже

Се додека не се слушаме, а при тоа не го зборуваме нити она кое го мислиме и чувствуваме, нема да се разбереме туку само ќе толкуваме. Ќе ги вчитуваме нивните гестови, погледи, однесувања, своите надежи и очекувања како и своите несигурности. Можеби и тие го прават истото.

Го слушаш она кое сакаш да го чуеш или кое ќе те погоди, не само затоа што тој цели во таа слабост туку и затоа што таа слабост постои во тебе па се навредуваш и се повредуваш.Тогаш изведуваш заклучоци напамет и се однесуваш во согласност со тие заклучоци, верувајќи дека ќе му „покажеш“ каде му е местото, или дека и ти „држиш до себеси“. Пречките во врската се всушност пречки на врската.

Зошто вистинската самодоверба прави разлика?
Пред се, затоа што, ако постои „вистинско“ тогаш постои и она другото.

Самодоверба и самопочит – вистински потекнуваат од самоспознавањето.
Од свеста за сопствените вредности и ограничувања, од искуствата во тоа што можеш со нив а што не.
На што си подготвен и до каде си подготвен да одиш, кога е време за борба а кога за повлекување, лижење на раните и преживување.
Самопочитта и самоспознавањето доаѓаат од исто место во тебе – она на кое знаеш дека можеш да рачунаш на себеси, можеш да се осмелиш да ставиш точка на некоја ситуација, да ризикуваш и експериментираш, да излезеш од својата зона на комфорот, со чувство дека самата на себе си го чуваш грбот и нема да се изгубиш, да пропаднеш и секогаш ќе се враќаш на себеси.

Онаа втората самодоверба која не доаѓа од самопочитта и од центарот на стабилност во сопственото битие, доаѓа од егото, контролата, суетата.
Тоа претставува одбранбен механизам, а не извор на акција и адекватна реакција. Засновано е на стереотипи и предрасуди и се служи со тумачење и заклучување, наместо разбирање. Претставува пречка во фрекфенцијата.

Па до кога ќе се обидуваш да се вклопиш во тоа што мислиш дека мажот сака да бидеш, до кога ќе се правиш како да не ти е гајле а си ја лупаш главата за некого за кого не си сигурна што чувствува за тебе, се однесуваш како се да разбираш и да ја држиш ситуацијата под контрола, а цело време се обидуваш да протумачиш зошто го рекол тоа што го рекол, и зошто не го направил тоа што си мислела дека наговестил дека ќе го направи.
Не се занимаваш со себеси туку се обидуваш да го протолкуваш него.
А зошто не го разбираш, затоа што неговата искреност можеби не ти се допаднала па се обидуваш да ги превртиш нештата онака како што тебе ти одговара.

Наместо да смислуваш тактики и потези со кои ќе „наплатиш“ некоја повреда и занемарување, пронајди одговор во себеси. Можеби тој одговор вели „не му се допаѓаш, залудно се обидуваш и твоите чувства се пропадната инвестиција“.
Одлуката која доаѓа од самодовербата и самопочитта откако ќе го препознаеш најнеповолниот одговор не мора да биде откажување и повлекување.
Можеш да се одлучиш да ги почитуваш своите чувства до крај и да останеш отворена кон нова љубов.

Прегледи:
659
Објавено на:
28.10.2020