Категории

Ако сте исклучително љубезна личност: Ќе ви се случат овие негативни работи!

Не секој ја заслужува вашата љубезност …

Сите ние сме воспитувани уште од мали да бидеме љубезни со другите. Но, светот не е совршен, па затоа добрите луѓе честопати патат заради своите добри дела. Љубезноста се претвора во проклетство.

Во суштина не е добро да се биде „премногу љубезен“. Ако сте добра личност, може да се судрите со следниве ситуации:

 

  1. Постојано да бидете „искористувани“

Веројатно сте се нашле во неколку непријатни ситуации затоа што луѓето знаат дека сте „премногу добри“. Не дозволувајте да ве искористуваат, следете ја ситуацијата и да постапувајте соодветно.

 

  1. Вашите граници не се почитуваат

Ако сте љубезни, нема да се карате со другите. Многумина тоа го сметаат за дозвола да ве „прегазат“. Тие ќе се обидат постојано да ја тестираат вашата флексибилност.

 

  1. Рамнодушноста на другите

Не се сите луѓе сочувствителни. Некои од нив ќе сторат се за да го постигнат она што го сакаат. Тие не се грижат за чувствата на другите луѓе. Дури и ако сте биле тука за нив кога сте им требале, малкумина ќе бидат тука за вас кога ќе ви затребаат.

 

  1. Недостаток на грижа за себеси

Љубезните луѓе обично вложуваат многу време и ресурси во другите. Непријатно им е да побараат помош кога не се чувствуваат добро. Сите се побитни за нив, освен тие самите за себе.

 

  1. Прашање на доверба

Ако сте многу љубезни, луѓето го гледаат ова како нешто сомнително. Не грижете се за ова, изразете го своето мислење и бидете трпеливи. Љубовта се враќа со љубов.

Прегледи:
643
Објавено на:
29.02.2020