Категории

Актерката им пркоси на сите модни правила: Најдобрата спортско-елегантна комбинација што сме ја виделе досега!

За неа, удобноста е на прво место

Кристен Стјуарт е позната како некој кој не се грижи за правилата кога станува збор за модата, па многу често можеме да ја видиме во најобични изданија на гламурозни настани.

Овој пат таа одлучи да спои елегантен долг фустан со патики. Иако е гламурозен, дизајнот на фустанот, исто така, има доза на машки стил што е својствен за неа.

Таа е одличен пример дека не мора секогаш да бидеме на потпетици за да изгледаме одлично. Комбинирањето на елегантни парчиња со спортски може да изгледа навистина интересно.

Дали ви се допаѓа овој стајлинг?