Категории

Алeкса Чанг создава свој модeн брeнд

British Fashion Awards

Како што пренесуваат светските модни портали, стилската икона и модел Алекса Чанг ќе создава сопствен моден бренд. Нејзиното повеќегодишно искуство во модната индустрија како долгогодишната работа во Vogue, соработките со многу естаблирани модни имиња, и сопствениот вкус за стил и естетика се темели на тоа 32-годишната Чанг да создаде модна империја со нејзиниот потпис. Како креативна директорка на својот бренд таа најави дека парчињата ready-to-wear ќе бидат пуштени во продажба во Мај 2017 год. и ќе бида по „современи“ цени. Тимот кој ќе ја подготвува колекцијата ќе се состои од шест дизајнери кои претходно стекнале искуство во познати куќи на високата мода, и во други креативно-уметнички проекти. Облеката ќе биде достапна во луксузните онлајн шопови а меѓу нив ќе бидат  Selfridges, Matches Fashion i MyTheresa.

Прегледи:
323
Објавено на:
18.07.2016