Алесандра Амбросио оваа година за последен пат се прошета како ангел на ревијата на Victoria’s Secret.
Триесет и шест годишната Бразилка цели 17 години го разубавуваше шоуто на популарниот бренд за долна облека. Сега Алесандра, е блиску до пензионирање, а обожавателите се исклучително тажни од веста.
Амбросио за медиумите изјави дека ова и е последно појавување и дека оваа година таа се збогува со престижната титула, бидејќи како што вели бразилката, сака да му се посвети на мајчинството.
Алесандра Амбросио е еден од ветераните на брендот и стана најпрепознатливо и симболично лице. Таа е амбасадор на Пинк линијата од 2000 година, а нејзината кариера за Victoria´s Secret започна во 2004 година.