Категории

Alexander McQueen приреди журка со викторијанска естетика и готика

За Alexander McQueen спектаклот во Париз, креативниот директор Сара Бартон приреди журка во панк стил.

„Откачената журка“ како што е и темата на колекцијата за пролет/лето 2018 вклучува многу волумен, тоалети со карнери во силни бои како розова и црвена, бајкерски чизми како и јакни во мажествен стил.

Со вистински McQueen шмел, новата колекција вклучувапе и цветни везови и бисери кои алудираа на шкотското потекло и визијата на романтичната викторијанска естетика и готика. Покрај овие силни и впечатливи креации се појавија и неколку поедноставни од тексас, чипка и тул.

Прегледи:
771
Објавено на:
05.10.2017