Категории

Американка своето богатство ќе ѝ го остави на Зоолошката градина во Келн

Германска зоолошка градина соопшти дека 93-годишна Американка со германско потекло, чиј покоен сопруг го преживеал холокаустот, ќе ѝ го поклони своето богатство од 22 милиони долари на Зоолошката градина во Келн.

Елизабет Рајхерт, која е родена во Келн, рекла за весникот „Келнер штад анцајфер“ дека тоа била желбата на нејзиниот покоен сопруг Арнулф, пренесува АП.

И двајцата сопружници се родени во Келн, а се запознале за време на Втората светска војна, но потоа се преселиле во САД.

Тие немале деца, а германскиот весник денеска пренесе дека Елизабет Рајхерт веќе почнала на зоолошката градина да ѝ уплаќа по 6.000 долари месечно.

Целокупната сума од 22 милиони долари ќе биде уплатена после нејзината смрт.

 

 

Извор: Макфакс

Прегледи:
422
Објавено на:
04.09.2017