Руската тенисерка и фотомодел, Ана Курникова, и шпанската музичка ѕвезда, Енрике Иглесиас, за прв пат станаа родители на близнаци.
Во саботата, Ана се породи во Мајами. Таа роди момче и девојче. Познати се и имињата на близначињата кои наводно ќе се викаат Николас и Луси.
Оваа вест изненади многу фанови. Но, бидејќи тие нивната врска постојано ја чуваа во тајност, не е ни чудно што парот беше мистериозен и за бременоста.