Категории

АНКЕТА: На што сѐ жените се спремни за да освојат еден маж

Анкетата открива изненадувачки резултати

Дали би биле спремни да изигравате помалку паметни само за да би привлекле некој маж? Дури шест од десет жени го прават токму тоа.
Неодамна анкетата спроведена на тема машко-женски односи, покажа дека 60 отсто од женте се спремни да се прават помалку интелигентни, да не би го уплашиле потенцијалниот партнер.

Тоа до некаде го објаснува податокот дека секоја друга испитаничка изјавила дека и е тешко да најде партнер кој би и бил интелектуален предизвик.
Но, дури 82 отсто од жените кои учествувале во анкетата која ја спроведе еден сајт за запознавање, биле „сосема среќни“ ако излезат со маж кој и нема баш блескава интелигенција, се додека изгледа добро.

До каде се жените спремни да одат само за да би биле во врска со мажот кој ги привлекува, го покажува и податокот дека секоја петта жена го насочува разговорот на што полесни теми ако забележи дека мажот нема појма што таа зборува, додека 31 процент се спремни да одглумат заинтересирани за автомобили или фудбал, додека тоа ни најмалку не ги интересира.

Резултатите од оваа анкета покажаа дека на жените им е најважно партнерот да биде верен, и да има добра смисла за хумор, а и амбициозноста е „на цена“. На листата десет најважни квалитети кои ги бараат кај потенцијалниот партнер се добар стил, интелигенција, добри манири и привлечност.

„Важно е само да имате увид дека степенот на образование не мора нужно да има врска со тоа колку особата е интелигентна. Многу се поважни животните искуства и емоционалната интелигенција. Но, не би требало да очекувате да се согласувате во се. Различноста меѓу партнерите може да ја засили врската“ – кажува стручњакот за врски Хилари Квин за британскиот „Sun“.

Прегледи:
600
Објавено на:
28.09.2019