Категории

Anna Wintour – открива што одобрува а што осудува кога е во прашање модата

o-anna-wintour-facebook

Уредничката на американскиот Voque, Ана Винтур важи за жена со силни ставови и ценето мислење кога станува збор за модата и модните трендови. Со свои зборови, влијанието во модната индустрија и модните трендови таа не е онаа која ги следи туку ги обликува.
Според тоа да уредничката на модната библија ни открива што таа одобрува а што не..

Ана Винтур открива дека не е љубител на целосно цр а облека.
За неа зборот тренд е доста погрден збор. Таа ги мрази логоата на својата гардероба па најчесто избира таква која не содржи впечатливи и непотребни логоа.
Таа остро ги осудува парчињата кои содржат најлон во текстурата на материјалот и вели дека тоа никогаш не би го облекла.
Таа мрази флуросцентна облека, било да е спортска или кежуал и вели дека секогаш кога присуствува на спортски натпреват и играчите носат флуросцентна облека таа мора да става очила за сонце бидејќи тоа неверојатно и пречи.

Ана Винтур сака рециклирана облека.
И покрај тоа што таа ја сака новата облека, признава дека добрите работи кои вредат се рециклираат.
Таа сака класични парчиња кои никогаш не излегуваат од мода.
Таа ги обожава и доста ги почитува младите британски дизајнери бидејќи се уникатни во својот став и имаат креативни идеи.
Таа е една од најголемите обожавателки на брендот Gucci бидејќи според неа тој е оптимистички и разигран.

Прегледи:
324
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
12.11.2016