Категории

Археолог тврди дека ја пронашол куќата на Исус Христос во Назарет

Британскиот истражувач Кен Дарк, археолог од Универзитетот Рединг, тврди дека ја нашол куќата во која Исус Христос го поминал своето детство и се наоѓа во Назарет.

Дарк помина 14 години барајќи остатоци од манастирот на сестрите во Назарет – Израел.

Како што известува Daily Mail, Дарк врз основа на истражувањето на терен закчучил дека куќата му припаѓа на Јосиф, мажот на Марија.

„Куќата има неколку соби, двор, балкон на покривот а денес на тоа место се гледаат единствено скалите направени од камен и позади куќата каде има природна пештера“ – вели Дарк.

Дарк признава дека не постои физички доказ дека тоа била навистина куќата на Исус, меѓутоа, додава дека е тешко да се пронајде доказ кој се протега 2000 години наназад.

Прегледи:
1211
Објавено на:
03.12.2020