Категории

Артист потопил фустан во Мртво Море и по 2 месеца резултатот бил неверојатен!

Мртво Море е познато како едно од најсолените места на Земјата со најниска надморска височина, па затоа не е ни чудно што редовно е домаќин на голем број туристи.

2-artist-potopil-fustan-vo-mrtvo-more-i-po-2-meseca-rezultatot-bil-neverojaten-

Во 2014 година, цели два месеца, ова езеро било домаќин и на еден фустан потопен во неговите води од страна на израелскиот артист Сигалит Ландау.

4-artist-potopil-fustan-vo-mrtvo-more-i-po-2-meseca-rezultatot-bil-neverojaten-

Фустанот влегол во езерото целосно црн, но за два месеца магично се трансформирал во фустан од бајките, целиот покриен со бела кристализирана сол.

5-artist-potopil-fustan-vo-mrtvo-more-i-po-2-meseca-rezultatot-bil-neverojaten

Ландау соработувал со фотографот Јотам Фром за да ја овековечи трансформацијата на фустанот преку неверојатни фотографии. Фотографиите се моментално изложени во галеријата „Marlborough Contemporary“ во Лондон под името „Солена невеста“.

6-artist-potopil-fustan-vo-mrtvo-more-i-po-2-meseca-rezultatot-bil-neverojaten

На Ландау не му е прв пат да го искористи Мртвото Море за уметнички цели. Имено, тој досега има „посолено“ чевли, знамиња, па дури и виолина.

7-artist-potopil-fustan-vo-mrtvo-more-i-po-2-meseca-rezultatot-bil-neverojaten

Според галеријата, овој проект бил инспириран од „Дибукот“, претстава напишана на јидиш помеѓу 1913 и 1916 година во која се работи за млада невеста опседната од зол дух, поради што врз неа бил извршен егзорцизам.

8-artist-potopil-fustan-vo-mrtvo-more-i-po-2-meseca-rezultatot-bil-neverojaten

Фустанот, кој бил креиран според традиционалниот фустан на ликот на невестата, се претворил во нешто сосема различно. Претставник од лондонската галерија објаснил дека со текот на времето, алхемијата на Мртвото Море го претворила обичното парче облека од симбол кој асоцира на смрт и лудило во прекрасен невестински фустан.

9-artist-potopil-fustan-vo-mrtvo-more-i-po-2-meseca-rezultatot-bil-

Овие фотографии се доказ дека се работи за навистина неверојатна трансформација која се случила благодарение на досетливоста и креативноста на овој талентиран артист.

Прегледи:
807
Објавено на:
27.08.2016