Категории

Астро предупредување: Внимавајте на кој хороскопски знак се доверувате

Вага

Тие се прекрасни пријатели, но доколку ги изневерите, бидете претпазливи! Зад нивниот шарм се крие доза на лицемерие, имајте го тоа на ум. Тие сакаат да ги издаваат тајните кои ги имаат другите, но на крајот ќе ве убедуваат дека тоа е со добра намера и однапред замислена цел.

Скорпија

Тајна која чекори е второто име на Скорпиите. Тие најдобро ги разбираат тајните затоа што и самите ги имаат во огромни количини. А, кога нешто јавно ќе се издаде или дознае, свесни се дека ја губи вредноста. Затоа, слободно доверувајте им ги тајните или плановите кои ги имате, тие безрезервно ќе ви го чуваат грбот!

Стрелец

Да не се родени зборлести, Стрелците би биле сјајни пријатели. Посебно ако тајните им се откријат покрај чашка алкохол, на приказната нема да и се гледа крајот. Често пати се претрупани со информации, па не се свесни каде треба да молчат, а каде да зборуваат. Постои голема шанса од невнимание да ја издадат вашата најтемна страна која не сакате никој да ја дознае.

Јарец

Можеби ќе звучи грубо, но Јарците не сакаат да им се доверуваат, па затоа ја користат секоја шанса да го откријат она што го знаат. Покрај тоа, сакаат кога имаат корист од чувањето на тајни, затоа што во замена за нивната дискреција ќе треба да понудите многу.

Водолија

Ако сакате Водолијата да ви ја сочува тајната, ќе мора да и откриете нешто сензационално и крајно ексцентрично. Во спротивно, тоа за неа ќе биде сосема обична, глупава информација која може да ја издаде во било кој момент, случајно.

Риби

Со Рибите тајната ви е сигурна. Постои голема шанса дури и да го заборават она што сте им го кажале, но ако ја запаметат, ќе ја чуваат до крај. Тие се таинствени личности кои разбираат што значи да имаш нешто скриено од другите. Но, никогаш не им доверувајте нешто што се коси со нивните емоции. Последиците може да бидат фатални, без намера.

Извор : makedonijadenes.com.mk

1 2

Прегледи:
630
Објавено на:
25.11.2016