Ако сте во близок контакт со Риби, без разлика дали се дружите, се забавувате или живеете со овој знак, ова се работите што треба да ги знаете за нив…
Од 20 февруари до 20 март, луѓето се родени во Риби, кои се многу тешки за разбирање.
Доколку не сте родени во последниот хороскопски знак, мора да признаете дека честопати немате претстава што се случува во нивните глави. Сепак, ако сте „риба“ сигурно често се чувствувате дека сте погрешно разбрани.
Еве 9 причини:
1. Риби е последниот знак на зодијакот кој има помешани карактеристики од другите 11. Тие постојано размислуваат за тоа кој како се чувствува, што е тешко за другите да го разберат. Понекогаш и тие се збунуваат.
2. Тие постојано истражуваат нови работи, но нивната среќа нема крај ако имаат некој со кој ќе ги споделат. Во љубовната врска, тие најдобро се снаоѓаат со луѓе кои се исто толку „луди“ колку нив. Меѓутоа, ако се чувствуваат заробени, ќе избегаат при првата можност.
3. Нивната изразена емпатија е она што ќе ве натера први да ги повикате кога ви е тешко. Многу често, тие ќе ги стават своите емоции на второ место за да ви помогнат. Прекрасно, зарем не?
4. Сонувачи кои тешко ја одделуваат реалноста од имагинацијата. И тогаш настануваат проблеми.
5. Тие лесно го менуваат расположението. На пример, ако сте лути и Рибата е близу, негативната енергија брзо ќе премине кај неа. Затоа се многу битни за луѓето со кои се дружат.
6. На крајот на тежок ден, Рибите често може да бидат негативни. Луѓето знаат да извлечат толку многу енергија од нив што понекогаш нивните „батерии“ се празни. Не грижете се, тогаш тие обично се повлекуваат во себе.
7. Тие го гледаат само најдоброто кај луѓето. Затоа се дружат со сите. Изразот „Невин сè додека не се докаже поинаку“ сигурно е измислен од страна на некоја Риба.
8. Како и да е, може да потрае долго време за да ви дозволат да се приближите до нив. Но, кога конечно ќе дозволат, ти засекогаш ќе им бидеш омилен.
9. Преосетливи се. На сè!