Категории

Астрологијата открива: Кој е најмистериозниот знак во хороскопот?

Понекогаш, сѐ може да скршне од правилниот пат и да се одвива спонтано и неочекувано, наместо по план. Постојат денови кога само се разбудуваме и не можеме да се ослободиме од ваквите чувства, независно колку се трудиме. Гледаме во мотивационите и инспиративните цитати на социјалните мрежи, се обидуваме да заборавиме на ситуацијата и правиме сѐ што е можно за повторно да станеме среќни.

Но, понекогаш, едноставно треба да бидеме и малку тажни. Освен ако не постои медицинска причина зошто се чувствувате лошо и уморно, вашата емоционална состојба може да биде последица на стресните ситуации со кои моментално се соочувате. Дали сте го осознале и прифатиле фактот дека поминувате низ нешто што не е важно или не, нема никаков ефект. Колку и да ги избегнувате чувствата, тие постепено ќе надојдат.

Кога не можете да ги избегнете, најдобро е да ги прифатите. Наместо да ги маскирате своите емоции, дозволете им да дишат. Запишете ги. Исплачете ги. Јавете им се на најблиските. Направете го она што сметате дека ќе предизвика да се чувствувате подобро. Не гледајте го тоа како знак на слабост или како неспособност да контролирате што чувствувате. Ова е нешто во кое треба да се грижите за себе и да си дадете време да се излечите од што и да се случува.

Земете марамчиња, бидејќи сега треба само да дозволите солзите слободно да паѓаат по вашето лице. И, запомнете: Дури и најлошите денови имаат само 24 часа.

Прегледи:
361
Објавено на:
14.05.2016