Категории

Atelier Versace со божествена колекција која магепсува

Atelier Versace е фантазија која оживува. Се работи за моќ и нежност во силата кога тие две ќе се спојат”,изјави Донатела Версаче за новата колекција од високата мода за есен 2017.

Како спој од надреалното, женственото и деликатното колекцијата вклучуваше богата палета на женствени креации во најразлични силуети.

Од комплети, до раскошни тоалети со светликави мотиви, како и такви во кои преовладуваа сонливи пастелни нијанси и лелеави материјали, оваа колекција ги помести границите помеѓу реалноста и фантазијата..

Прегледи:
342
Објавено на:
05.07.2017