Категории

Атрактивен пар патува низ светот и заработува и по $9.000 за еден пост на Instagram

Џек Морис и Лорен Булен се запознаа на Фиџи пред околу една година, а веќе го живеат својот сон.

Атрактивниот пар, кој живее на островот Бали, постојано патува на егзотични места низ светот и ги документира своите авантури со фотографии од кои застанува здивот. Бидејќи имаат изградено милионска мрежа од обожаватели на Instagram, Џек и Лорен заработуваат и до 9.000 долари за една објава на популарната социјална мрежа.

Сите фотографии кои ги објавуваат се нивно дело.

 

A quiet spot in the desert with my favourite girl ☽

A post shared by JACK MORRIS (@doyoutravel) on

Secluded beaches becoming a daily thing ⚓︎??

A post shared by JACK MORRIS (@doyoutravel) on

Best treehouse yet at @keemalaphuket ?

A post shared by JACK MORRIS (@doyoutravel) on

Тие заработуваат од рекламирањето на одредени брендови, а туристичките агенции честопати им ги покриваат трошоците за патувањата.

Неодамна, Џек откри мали трикови кои му помагаат да ги создаде совршените фотографии. „Најчесто сакаме да се фотографираме околу еден час по изгрејсонце. Во овој период од денот нема многу луѓе на локациите кои се многу посетувани. Ги обработувам сите мои фотографии во истиот стил… Претпоставувам токму поради тоа сите изгледаат слично“ – откри 26-годишниот авантурист, кој досега има посетено 45 земји од светот.

„Никогаш не очекував дека ќе најдам некој со кого ќе можам да го споделам ова. Речиси изгледа како сон. Прекрасно е кога имаш можност секој ден да го правиш она што го сакаш“ – додава тој за животот со својата 24-годишна девојка Лорен.

Always fully charged even in the jungle ?Powered by @belkin ⚡︎ #PeopleInspiredProducts #BelkinPartnership

A post shared by JACK MORRIS (@doyoutravel) on

Cosy mornings in the jungle with my love ?

A post shared by JACK MORRIS (@doyoutravel) on

Hard to get any privacy these days ? – morning views from our tent @scarabeocamp

A post shared by JACK MORRIS (@doyoutravel) on

Прегледи:
461
Објавено на:
05.04.2017