Спортскиот автомобил Астон Мартин од филмот за Џејмс Бонд „Спектрa“ e продаден на аукција за 3.137.361 евра.
Еден од само два автомобили од тој филм, ДБ10, ги надмина очекувањата на заработувачка од еден милион евра.
Направен е во Воркшир и има бензиски мотор В8, а најголема брзина која може да ја развие е 300 километри на час. Но, не смее да се вози на јавни патишта. На него се наоѓа и потписот на Даниел Крег.