Категории

Бадеми наместо појадок?

Повеќето нутриционисти се согласуваат дека појадокот е најважниот оброк. Но ако го прескокнете, една рака бадеми може да ги надомести повеќето од придобивките од редовниот здрав појадок.

Бадемот е богат извор на мононезаситени масти, растителни влакна и протеини, како калциум, магнезиум, селен, цинк, витамини Е и Б. Поновите истражувања покажаа дека конзумирање на бадеми помага при чувство на глад и губење на тежината, исто така, го намалува нивото на инсулинот и придонесува за подобрување на кардиоваскуларно здравје.