Категории

БАЛАНС ВЕЛОСИПЕДИ ЗА ДЕЦА – ПОЛЕСНО ДО СТАБИЛНОСТ И РАЗВОЈ НА МОТОРИКАТА КАЈ НАЈМАЛИТЕ

Растењето на детето е процес кој се одвива со неверојатна брзина пред нашите очи. По проодувањето, одржувањето рамнотежа е една од најважните техники кои секое дете треба да ги совлада за да се чувствува самоуверено и самостојно, не барајќи помош од своите родители. За таа намена, совршен избор за секое дете е баланс велосипедот.

Зошто се баланс велосипедите толку добри?

Овие велосипеди се многу лесни, практични и немаат педали. Идејата поради која се создадени е совладувањето на рамнотежата како една од основните техники со која понатаму без проблем секое дете веднаш ќе умее да вози велосипед со педали.

Преку баланс велосипедот детето добива комплетна подготовка за велосипед со педали. Убавината на баланс велосипедот се состои во тоа што вие не треба да го учите вашето дете како да вози. Тоа природно седнува на велосипедот и почнува да го движи. Подоцна, кога ќе биде подготвено за велосипед со педали, веднаш ќе знае како да управува со него.

Сега веќе нема потреба од помошни тркалца на велосипедот на вашето дете, ниту пак да го контролирате неговото возење со вашиот велосипед, бидејќи со баланс велосипедите детето добива сѐ – самостојност, сигурност и самоконтрола.

За таа цел, специјализираната продавница и сервис за скии и велосипеди, најсовремена велосипедска, ски и сноуборд опрема Номад го донесе брендот Cruzee кај нас – Велосипеди за најмалите, кои се супер лесни со тежина од 1.9 kg, за беспрекорно управување и стабилност.

Направете му го детството на најмалиот член во семејството забавно и безгрижно, нарачајте го баланс велоспедот и уживајте во вештините кои ќе ги стекне преку него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nomad-Mobility (@nomadmobilityshop)


Овие велосипеди се достапни онлајн на https://bit.ly/3GBcLux или пак во продажниот салон на ул. Кирил и Методиј бр.20, Скопје.