Категории

Барањето помош не е знак на слабост – Ниту искажувањето на чувствата!

Не плашете се да побарате помош кога таа ви е потребна.

Животот е тежок, непредвидлив, полн со препреки, предизвици, промени, и често не разнесува од една страна на друга како да сме листови на бурен ветер. Колку и тоа да не ви изгледа така, секој човек во својот живот војува своја битка.
Во ред е да бидете несовршени!

Секојдневно сме соочени со пораки за животот кои не тераат да бидеме позитивни, насмеани, среќни. Дека мораме да веруваме во себе, и ако не се соочиме со светот, сме слаби, нема да успееме ако не газиме се пред себе.
Да не покажуваме слабост, да не ги покажуваме емоциите.
Но како стигнавме до тој степен кога покажувањето емоции срушува наместо да создава? Од кога емоциите станаа толку опасни?

Не, покажувањето слабост, не значи слабост – Значи сила дека сме свесни за сопствените несовршености и дека сме се се соочиле со нив.

Не плашете се да побарате помош кога таа ви е потребна.
Ако сте повредени и ви е тешко, ако ве боли до таа мерка што чувствувате дека не можете да поднесете, не е во ред да се срамите поради тоа. Не е во ред да молчите и да дозволувате тоа да ја распрарува вашата душа.

Барањето помош не е знак на слабост, зборувањето со другите отворено за она што ве мачи не е слабост. Прифаќањето на себеси и волјата за работа и подобрување е најголемата храброст која човек може да ја поседува.

Прегледи:
512
Објавено на:
03.06.2020