Барселона го избра новиот стадион! Меѓу осумте фискални проекти, а по неколку недели состаноци, челниците на каталонскиот клуб го избраа проектот на јапонски архитекти за новиот „Камп Ноу“.
Клубот во вторникот ја претстави макетата како ќе изгледа новиот стадион со капацитет од 105 илјади седечки места, во чии рамки ќе се наоѓа и новата кошаркарска сала која ќе може да собере 10 илјади навивачи.
Иако ќе се наоѓа на истото место, „Камп Ноу“ ќе претрпи прилично големи измени, пред се во надворешниот изглед, а за тоа какви погодности ќе има, односно за самите иновации и нови технологии, повеќе ќе се слуша во следните денови.
Она што засега е извесно е дека изградбата ќе биде завршена во 2020. година во февруари и стадионот ќе биде подготвен за сезоната 2020/21.
Она за што во моментов се грижат во клубот е новиот договор за Лео Меси, со цел најдобриот фудбалер на светот да остане во Барса и да заигра на овој спектакуларен објект.