Категории

Beauty едиторијал инспириран од ’80-тите

’80-тите се враќаат со полна пареа и во сите облици, од мода до beauty, а магазинот The Edit од изданието на Net-a-Porter создаде инспиративен едиторијал посветен баш на овој период од минатиот век. Во серијата фотографии доминираат ретро makeup трендовите од ’80-тите а главната улога ја игра моделот Jena Goldsack која во колоритниот едиторијал претставува 7 различни изгледи креирани од артистката Ciara O’Shea. Од впечатливата темна smokey шминка до свежите розови и виолетови нијанси, сите клучни изгледи кои ќе бидат најпопуларни оваа пролет и лето.

Прегледи:
406
Објавено на:
16.04.2017