Категории

Beauty трендови кои нема да ги практикуваме во 2018

2017 веќе изминува а со неа ќе ги понесе и неколку од најпопуларните трендови на шминкање. Познатите визажисти веќе ни открија кои од нив ќе останат заборавени.

1.ПРЕМНОГУ HIGHLIGHTER 

Факт е дека оваа година беше во знакот на светкавите јаболкници, односно цело светкаво лице со оглед на тоа како дамите го ставаа буквално насекаде. Но веќе е време да се каже збогум на овој тренд кој изгледа баш непривлечно.

2.ПРЕМНОГУ ГУСТИ ВЕЃИ

Густите веѓи кои се толку густи што не се познава ниту едно влакно изгледаат толку нереално и сценски, веќе е време да се даде простор на природните веѓи со пердуваст изглед изјави Фиона Стајлс, визажистката која се грижи за изгледот на Лили Колинс и Џенифер Гарнер.

3.ЗАМАСКИРАНО ЛИЦЕ

Употребата на пудра која е максимално покривна прави да изгледате како да носите маска. Наместо тоа време е за прозрачни пудри кои содржат мал процент на покривност и го истакнуваат природниот тен.

4.ПРЕНАЦРТАНИ УСНИ

Нема ништо лошо во малите усни, но ако сакате дополнително да ги истакнете употребете малку хајлатер на врвот и молив во природната боја.

5.ОСТРО КОНТУРИРАЊЕ

Суптилното контурирање е добро само да ги нагласи ваши природни црти, додека острото контурирање нема да направи да имате поизразени јаболкници или послабо лице, тоа изгледа кловновски и смешно. Држете се до природниот изглед вели Дезире Перман, познатата визажистка која соработува со Лили Реинхарт, Наталија Даер и Камила Мендез.

Прегледи:
366
Објавено на:
07.12.2017