Категории

Дали маслиновото масло навистина е корисно за вашата кожа?

Дали некогаш сте размислувале да го нанесете и на вашата кожа и да ја оставите да се впие со состојките од ова масло? Ние ви откриваме дали маслиновото масло треба да се вклучи во вашата дневна рутина за убавина или подобро е да се користи само во кујната.

Кои се придобивките од користењето маслиново масло на вашата кожа?

 

Маслиновото масло без сомнение е од голема корист: тоа изобилува со многу масни киселини и антиоксиданти. Понекогаш се нарекува и „течно злато“ и е познато по тоа што е основа за медитеранската диета. Но, дали овие придобивки се пренесуваат и кога се користат на кожата, а не само кога се консумираат? Одговорот не е толку едноставен. Тоа помага на некој начин. Богато е со многу масни киселини, погуста и вискозна текстура што не се апсорбира во кожата толку брзо како другите течни масла, маслиновото масло е одлично за третирање на исклучително сува кожа, особено на телото. Меѓутоа, кога станува збор за примена на маслиново масло на почувствителни области, како што е вашето лице, одлуката е пред сè на вас.

 

Од една страна, маслиновото масло навлажнува и помага при флексибилностa на кожата, а од друга страна го има истиот ефект како и другите масла, како што е арганот и сончогледовото масло, што веројатно ќе ги затвори вашите пори.

 

Кој треба да ја избегне употребата на маслиново масло?

Секој што е склон на акни, треба да избегнува употреба на маслиново масло на својата кожа.

 

Кој е најдобриот начин да го користите маслиновото масло на вашата кожа?

Како и со секое масло, помалку е дефинитивно повеќе, затоа не претерувајте на било кој начин. Ова посебно се однесува за вашето лице, каде што не треба да користите само неколку капки кои што ќе ги нанесувате на влажна кожа – за малку да ја разредите густата текстура на маслиновото масло и да му помогнете подобро да се апсорбира. Исто така, треба да се примени на влажна кожа на телото, особено во области каде имате многу сува кожа (потпетици, лактите)

 

Какво маслиново масло треба да користиме?

Секако ладно, нерафинирано, екстра девствено маслиново масло.

Прегледи:
913
Објавено на:
16.09.2019