Категории

Бекер: Рацете ми беа врзани, Ѓоковиќ го стави семејството пред тенисот

Тренерот на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер, во интервју за СиЕнЕн, открил интересни детали за односот на Србинот кон тенисот по освојувањео на Ролан Гарос.

„На сите во неговиот стручен штаб рацете ни беа врзани. Тој реши да се фокусира на работи кои не се поврзани со тенисот, сакаше повеќе време да минува со своето семејство, со својот син. Две и пол години беше како машина, која работи со полна сила. Негов пик беше Ролан Гарос и освојување на четирите грен слем турнири во низа. Тоа никој не го направи од 1969 година и Род Лејвер. Беше презаситен. Новак по Ролан Гарос не знаеше која е неговата цел“, рекол Бекер.

Германецот не пропуштил да изнесе низа комплименти на сметка на Ѓоковиќ.

„Роден борец, голем натпреварувач. Кога би морал да изберам играч за да ми го спаси животот тоа сигурно би бил тој. Толкму многу му верувам. Наредната година би требало да биде пресвртница. Колку и да го болат поразите, тие ќе го инспирираат, ќе му дадат нова мотивација, енергија. Можеби оие порази и не се толку лоши“.

Бекер проговорил и за големите ривали на Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал.

„Во еден момент Ѓоковиќ остана без противник. Со Надал и Федерер секогаш се „тепаше“, а Мареј, тој секогаш беше четврти“, рекол Бекер.

Извор: Макфакс

Прегледи:
546
Категории:
Спорт · Тенис
Објавено на:
22.11.2016