Категории

Белата боја е влијателна и е сè, но не и досадна

Белата боја никогаш не изгледала толку добро и кул колку во новата колекција на high street брендот ZARA.


Капсула колекцијата под името Reworked White е составена од низа извонредни парчиња и модни додатоци во беспрекорно бела боја.

Парчињата од колекцијата во малку футуристички урбан фазон надополнети со трендовските елементи како романтичните волуменозни кроеви, металните детали и минималистичките дизајни, донесуваат нова модна приказна прераскажана преку белата боја која ја прави сè само не досадна.

Прв помеѓу бројните брендови кои белата боја на најави како апсолутен хит за за претстојната сезона пролет/лето 2017.

Прегледи:
518
Објавено на:
06.04.2017