Категории

BELLINA.MK НАЈАВУВА ОТВОРАЊЕ НА НОВ ПРОДАЖЕН ШТАНД ЗА ПАРФЕМИ ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ

Ви го најавуваме големото отворање на нашиот прв продажен штанд во Скопје Сити Мол.

Она што како проект почнавме да го развиваме во вид на онлајн продавница, продолжува секојдневно да се надградува и развива, со стремеж кон освојување на регионалните пазари и задоволување на потребите на потрошувачите.

По освојување на пазарот во Србија и Косово, а истовремено заради зголемениот интерес и барање од потрошувачите, нашите производи да бидат уште подостапни на пазарот кај нас, одлучивме да отвориме и штанд во Скопје Сити Мол.

Штандот ќе биде место каде што ќе можете да ги купите сите производи од познатите брендови, кои ги имаме моментално во палетата за продажба на нашата веб страна.

Штандот ќе почне со работа во 10:00 часот наутро на 04.11.2017 (сабота), а официјалното отворање ќе биде во 18:00 часот истиот ден. Во периодот од 18:00 до 20:00 часот, сите присутни ќе ги забавува познатата поп пејачка Симона Поповска. Како што можеби веќе знаете, Симона е наше заштитно лице.

Ве покануваме да го посетите штандот, кој ќе се наоѓа на првиот кат, веднаш пред продавницата LC Waikiki. За првите 50 купувачи имаме и мало изненадување.  Секој од првите 50 купувачи, со почеток од официјалното отварање од 18:00 часот, ќе добие гратис тоут ташна.

Повелете на нашиот нов штанд во Скопје Сити Мол и уверете се сами во високиот квалитет на нашите производи, кои се со убедливо најконкурентни цени на пазарот.

Прегледи:
477
Објавено на:
02.11.2017