Категории

Беспрекорна дури и кога не се труди да биде таква – Анџелина Џоли во класичен стајлинг на прошетка

Анџелина Џоли важи за жена која секогаш успева да не воодушеви со својот изглед иако не се труди премногу да го направи тоа

Една обична прошетка на холивудската дива претставува модна лекција за дамите ширум светот.
Анџелина Џоли беше фотографирана во прошетка и шопинг во Лос Фелиз предградието во Лос Анџелес а друштво и правеше синот Нокс.
Двајцата беа потполно усогласени во своите стајлинзи што се однесува до боите. Мајката и синот носеа црно-бели комбинации.

Анџелија избра црн макси фустан во модел кој претставува вечна класика и папучи со ниска потпетица какви носи доста често. Почитувајќи ги мерките за заштита од пандемијата, носеше и дизајнерска маска за лице со знак кој носи посебна порака – приходот од продавањето на овој модел на маски оди во борбата против корона вирусот.