Категории

Беспрекорниот стил на новата Прва Дама на Америка – Меланија Трамп

melania-trump-style-election

Меланија Трамп – новата наследничка на Мишел Обама која сега ќе ја носи титулата Прва дама на САД важи за неверојатно паметна и силна жена, а како што е и традиционално познато за првите дами таа има беспрекорен стил.

Иако нејзината приказна не гласи како пат од трнови па се до ѕвезди, животот како сопруга на америчкиот мултимилијардер е далеку од нејзините скромни корени во Словенија. Потребни и беа две години за да стане членка на модна агенција во Милано. Напоредно со манекенската кариера која од Милано се проширила во Париз, Меланија стурдирала дизајн и архитектура на универзитетот во Љубљана, а најважна година во
нејзиниот живот била 1996, кога се преселила во Њујорк.
Токму Њујорк бил причината за нејзиното запознавање со Доналд Трамп.
Судбоносната средба се случила во 1998 година а во тоа време Меланија беше член на менаџментот „Моделите на Трамп“.

Нејзиниот отмен став се препознава преку нејзиниот беспрекорен стил. Судејќи по фустаните кои ги носи, нејзини омилени бои се белата и црвената. Секогаш елегантна и гламурозна, новонастанатата прва дама на Америка најчесто носи фустани до колена кои благодарение на препрасното негувано тело и стојат совршено. Погледнете и проценете.

melania-trump-style

Прегледи:
982
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
11.11.2016