Категории

Без кал нема лотус – „Јас не сум она што ми се случило, јас сум она што ќе одлучам да бидам“

Лотусот е цвет кој расте во кал но тоа не го спречува да биде најчистиот и најмиризливот цвет 

Секоја личност зад себе има поглавна во книгата на животот кои можеби сака да ги заборави, да ги откине или на кои радо би им се вратила. Минатото е дел од животот, но повеќе не постои, и единственото нешто кое постои е секогашниот миг. Но, зошто тогаш многу луѓе не можат да го остават минатото зад себе?

Зтатоа што не се свесни за следното: „Без кал нема лотус“ – Thich Nhat Hanh

Лотусот е цвет кој симболизира чистота, просветлување, верност и љубов. Расти во кал но секогаш е беспрекорно чист.
Зарем тоа не е прекрасно, зарем тоа не е вистинско чудо? Да се родиш во кал и да бидеш неизвалкан и чист? Ако е тоа возможно со еден цвет, зошто не би било возможно со човекот? Секако дека е возможно и многу нешта сведочат за тоа.

Но каква врска има тоа со минатото?
Минатото на лотусот е неговото раѓање и растење во кал. Иако е роден во таква средина и под такви услови, може да биде каллив, смрдлив и ужасен, но и покрај се тој е чист, миризлив и прекрасен.

Лотусот ја прифаќа реалноста, затоа не сака да го промени своето минато затоа што минатото го обликувало и му помогнало да израсте во најубав цвет. Лотусот е мудар, затоа што се прилагодува на условите на околината но не се поврзува со калта, и поради тоа е толку горделив, неизвалкан, чист и и миризлив.

Како да се ослободите од минатото и да го оставите зад себе?
Можеш ли да го држиш своето минато во рацете? Секако дека не, па тогаш каде? Само во твојата глава. Твоето минато живее само во твојот ум, затоа не можеш да се ослободиш од него затоа што се врзуваш за него.

„Човечкиот ум е неверојатен. Умот создава среќа и страдање. Среќни сме поради своите мисли и тажни поради своите мисли. Позитивните и убави мисли прават да се чувствуваме добро. Негативните и лоши мисли прават да се чувствуваме лошо“.

Ако нешто се случило во реалноста, тоа останало во минатото и неговото време поминало, не можеме да го промениме, можеме само да го прифатиме. Прифаќањето значи живеење во склад со реалноста, значи свесно избирање на мирот.

Затоа запомнете: „Јас не сум она што ми се случило, јас сум она што ќе одлучам да бидам“ – Карл Јунг

Прегледи:
662
Објавено на:
19.06.2020