Категории

Бездомно куче освои срца и свој дом откако трчаше со маратонец 126 км

Најубавите пријателства честопати се раѓаат случајно.

Маж од Шкотска посвојува куче од Кина кое верно го следело за време на седумдневен маратон на 250 километри во пустината Гоби.

Дион Леонард се подготвувал да ја продолжи трката на вториот ден од маратонот кога забележал како мало куче гледа во него. 41-годишниот натпреварувач бил изненаден кога малото животно започнало да трча по него, но бил убеден дека брзо ќе се откаже. „Додека трчавме си помислив, ова мало куче нема да издржи долго покрај мене, но тоа трчаше цел ден и истрча 37 километри“ – вели Дион.

Но, тоа не било крај на нивното заедничко патување. Следниот ден кучето повторно било покрај својот омилен маратонец. За една недела, кучето, кое го добило името Гоби, истрчало вкупно 126 километри покрај Леонард и цифрата би била уште поголема доколку организаторите не му забранеле да учествува поради екстремните временски услови.

Кога кучето не можело да трча, било пренесувано со возило за да го чека Дион на целната линија. Парот спиел, јадел и одморал заедно, а на последниот ден заедно ја поминал и целта.

Сега, Леонард сака да го одведе Гоби во својата татковина, но има многу сложена процедура. Кучето мора да помине низ медицински прегледи и карантин за да му биде дозволен влез во Шкотска.

Поради огромните трошоци, Дион започнал да собира средства онлајн, а неговата приказна трогнала многу повеќе лица одошто очекувал. Тој има собрано 17.000 фунти, иако целта му била да собере само 5.000 фунти. Паричните средства кои ќе му останат по завршувањето на постапката за посвојување, Дион ќе ги донира во засолниште за животни.

„Гоби ме избра да му бидам пријател за цел живот, па јас правам сè што можам за да го исполнам тоа со голема помош од целиот свет“ – вели грижливиот Шкотланѓанец.

ВИДЕО :

Прегледи:
336
Објавено на:
09.08.2016