Категории

Безглутенски рецепт: Вегански пудинг од ванила и лимон

Безглутенски и вегански!

Се сеќавате ли кога за прв пат јадевте пудинг како дете? Ако оттогаш сте  станале алергични на млечни производи или избегнувате да консумирате млечни производи, веројатно не сте јаделе пудинг подолго време. Денес ви преставуваме вкусен рецепт што со задоволство ќе го подготвувате.

 

Пудинг од ванила и лимон

 

Состојки:

  • 1 чаша кокосово млеко
  • 1 чаша бадемово млеко со вкус на ванила
  • 2 лажици стевија
  • 3-4 лажици сок од лимон
  • малку жолта природна боја за храна
  • малку сол
  • 3 лажици пченкарен скроб
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • кора од два лимона
  • 125 гр. кокосова павлака

Постапка:

  1. Во помал сад измешајте го кокосовото млеко, бадемовото млеко, шеќерот, сокот од лимон, природната боја и солта. Додавајте ја бојата постепено за да ја постигнете саканата нијанса.
  2. Ставете го садот на оган и загревајте ја течноста на тивок оган додека не зоврие. Земете околу 1/2 чаша топло млеко и истурете го во садот. Пченкарниот скроб измешајте го со млекото.
  3. Истурете ја смесата од пченкарен скроб во садот со кокосово млеко и промешајте. Смесата треба да се згусне веднаш. Продолжете со мешање за да спречите формирање на грутки.
  4. Тргнете од оган и додадете го екстрактот од ванила. Оставете да се излади околу 15 минути.
  5. Потоа истурете во голем сад и покријте со проѕирна фолија.
  6. Ставете во ладилник 30-45 минути.
  7. Истурете го пудингот во помали садови, покриени со проѕирна фолија и ладете неколку часа во ладилник.
  8. Пред сервирање, гарнирајте со лажица слатка павлака и боровинки.
Прегледи:
976
Објавено на:
24.02.2020