Модерните времиња и брзиот технолошки развој, генерира огромно количество Е-отпад. Но, дали сме свесни за неговата вредност и можноста за повторна употреба?
Возрасните, но и децата знаат да ги користат модерните апарати, но повеќето од нив никогаш не расклопиле некој мобилен телефон, фен или некој друг електричен уред.
EЛКОЛЕКТ во соработка со институтот Creative Macedonia организираат настан “Едукативна игра со Е-отпад”. Целта на овој настан е преку игра и дружба да ја поттикнеме љубопитноста кај децата и тие самостојно да ги расклопат, проучат и склопат или да ги искористат деловите од старите апарати за да направат нешто ново.
Настанот ќе се одржи во Градски парк (спроти Занзибар) на 02.06.2019 од 11 до 14 часот.
Дојдете да се дружиме, да истражуваме, да се едуцираме и да креираме на свеж воздух, без забрани и ограничувања!