Категории

Бидете добра личност, пред сè и најважно за себе

Ако се држиме до принципот „око за око“, целиот свет ќе ослепи

Постојат многу лоши луѓе во светот. А средбата со нив не може да се избегне. Можеме да бидеме силни, да се молиме, да медитираме и да создадеме „стаклено ѕвоно“ околу нас, но ништо не може да ја спречи средбата со лош човек.

Не можете веднаш да го забележите лошиот човек. Тој може да биде ваш колега, професор, свештеник или некој роднина.

Речиси е невозможно да ги запрете лошите луѓе да влезат во вашите животи, но никогаш не престанувајте да бидете добри, без разлика кој е околу вас.

Вистинската промена доаѓа одвнатре. Затоа, никогаш не дозволувајте надворешни фактори да ве поколебаат. Ако сте доволно силни, никогаш во вашиот добар свет нема да влезе ниту една отровна стрела испратена од лоши луѓе.

 

Бидете добра личност, пред сè и најважно за себе

Ако сте добри поради другите луѓе, тогаш тоа е лажна љубезност. Добрите дела и љубезноста треба да бидат мотивирани од вашите чувства за себе, а не од она што другите мислат за нив. Бидете добра личност, пред сè и најважно за себе.

Ако спрема другите сте љубезни, тие исто така ќе бидат љубезни кон вас. Ако дозволите лошите луѓе да ве поколебаат, тоа значи дека никогаш не сте биле доволно добри кога сте дозволите вакви луѓе да ве расипат.

Прегледи:
706
Објавено на:
27.01.2020