Категории

Бидете искрени кон себе – Не присилувајте се на нештата кои не ви се допаѓаат

Многупати во животот одлучуваме да направиме нешта спротивни од она што вистински го сакаме и чувствуваме дека треба да го направме

Понекогаш тоа го правиме за мирот околу нас, а понекогаш поради некој страв. Понекогаш некој внатрешен глас не тера да го направиме спротивното додека некој друг глас тивко шепоти дека тоа не е исправно. Во секој од нас се крие таа подвоеност која ретко кој умее да ја совлада и да ја избере вистинската страна.

Не морате секогаш да се присилувате себеси да молчите кога нешто не ви одговара само заради мирот во односите. Порано или подоцна сето тоа ќе стане многу полошо. Подобро е да го изговорите тоа сега отколку подоцна да биде многу доцна.
Бидете она што сте – Луѓето кои ве сакаат ќе ве прифатат такви какви што сте, а на оние на кои не им се допаѓате, што и да направите едноставно нема да го промените нивното мислење и нема потреба да го правите тоа, зошто да ви е грижа? –Тоа е нивен проблем.

Не морате да давате нови шанси доколку сметате дека веќе некои не се заслужни за тоа. Не морате да ги трпите лошите односи, нити зборовите кои ви предизвикуваат незадоволство. Ништо од тоа не сте приморани.

Не морате да се присилувате себеси да сакате нешто кое очигледно не ви се допаѓа, нити да чувствувате нешто кое го нема. Бидете искрени кон другите а најпрво бидете искрени спрема себеси.