Дозволете си една работа секое утро. Дозволете си да не се вклопувате секаде, дозволете си да размислувате поинаку, да се чувствувате поинаку и да живеете поинаку. Гледајќи каков благослов е да се биде она што навистина сте. Немојте по секоја цена да бидете опседнати со желбата дека сите мора да ве сакаат. Тоа е најдобриот начин да се уништите себеси. Убавината на животот е кога си свој, кога имаш свој пат, ги реализираш своите копнежи. И вие имате свој мал круг на луѓе кои ве сакаат и кои ги сакате и ве ценат за она што сте.
Еден ден, и молете се на Бога да дојде тој ден што е можно поскоро, кога ќе престанете да се прилагодувате ќе забележите дека сте станале помалку ранливи. Затоа што ништо не ве прави толку ранливи како вашите обиди да бидете кон друг она што не можете да бидете. Значи, вие сте подготвени да направите се во врска со тоа. Бидете доволно силни за да можете да издржите да бидете различни. Бидете доволно силни за да видите дека понекогаш е убаво да се биде сам. И живејте го животот онака како што верувате и чувствувате, не како што сакаат другите.