Категории

Биди свој и ќе привлечеш се што вреди – Тоа што е за тебе ќе те пронајде

Кога сакате да запознаете нови, но „вистински“ луѓе и да се упатите на некој настан и да се најдете опкружени со стотици странци – што да правите? Кога чувствувате дека не сте задоволни од квалитетот на дружењето со луѓето со кои поминувате најмногу време – што да правите? Кога ќе се чувствувате подготвени да ја пронајдете вашата сродна душа – што да правите?

Откривањето и запознавањето на вистинските луѓе не е лесно, но не е ниту комплицирано – ако повеќе верувате во работата на себе отколку во случајноста, ова е вистинскиот текст за вас!

1. Бидете она што навистина сте, а не она што другите ви велат да бидете.
Честопати нашите желби се усогласени со очекувањата на општеството, а не со она што навистина го сакаме. Дали згодниот партнер ви е главен приоритет? Што е со смислата за хумор? Дали сакате навистина богати клиенти, оние за кои би требало да работите дење и ноќе? Или порелаксирана атмосфера, со малку помалку заработени пари, сепак би функционирала подобро?

2. Замислете ги вашите идеали и бидете конкретни.
Не можете да го добиете она што го сакате ако, на прво место, не знаете што (е што) сакате. Почнете да размислувате за типот на личност што сакате да ја привлечете во вашиот живот. Запомнете, вие сте единствениот овде кој ги поставува правилата, така што само небото е граница.

Бидете прецизни за сè (од тајни страсти до внатрешни стравови). Кога ќе дознаете што барате, тогаш е поголема веројатноста да го најдете.

3. Усовршете се во отфрлањето на оние луѓе кои не ви одговараат
Најчеста бариера за привлекување луѓе во вашиот живот е тоа што се трудиме да им угодиме на сите. Ако сакате сите да бидат среќни и задоволни, тогаш никому не му се обраќате на посебен начин… Кога сте тоа што сте, некои луѓе неизбежно ќе бидат отфрлени. И тоа е добра работа. Откако ќе почнете да ги „сечете од корен“ односите со луѓе кои не ви одговараат, ќе направите простор за вистинските луѓе кои допрва треба да влезат во вашиот живот.

4. Дозволете другите да ве најдат
Размислете за тоа на овој начин: вие сте светилник што ги „повикува“ бродовите. Ако вашата светлина не свети доволно силно, никој нема да може да ве најде. Значи, „изложете се“. Ставете се во ситуации кога другите може да ве најдат.

Претставете се пред сите. Биди, колку што можеш, свој и она што си. Дајте им шанса на вистинските луѓе да ве најдат.

5. Бидете отворени за се што е пред вас
На крајот на краиштата, работата или љубовта можеби нема да дојдат во формата што ја очекувавте. Но, не мора да биде лошо. Ако се претставувате на автентичен начин, ако се претставувате онакви какви што навистина сте, обрнете внимание на луѓето кои влегуваат во вашиот живот. Понекогаш оние што ги привлекуваме можат да нè научат многу за нас што не сме ги знаеле или забележале порано. И може да биде подобро отколку што очекувавме.

Во ова конкретно време, има барем една личност која бара некој како тебе. Без разлика дали се работи за клиент, емотивен партнер или пријател – некој се обидува да ве најде. Дајте му шанса. Бидете автентични. Покажете им на луѓето точно кој сте за да можат подобро да ве запознаат!