Категории

Биди толку уверен во себеси што нема да им дадеш до знаење дека постои шанса да те повредат

Биди сигурен во себеси толку што нема да дозволиш ништо да те разниша.

 

Биди толку сигурен во себеси што кога ќе бидеш повреден, нема да бараш одмазда. Не мораш да докажуваш дека си подобар, не мораш да докажуваш дека си во право или дека си жртва.

Нема поента да се обидуваш да ги повредиш за возврат, нема да добиеш ништо. Остави ги нека мислат што сакаат. Остави ги да се однесуваат како што сакаат. Нека не те загрижува што прават, нека не те загрижува нивниот живот.

Биди сигурен во себеси толку што нема да дозволиш ништо да те разниша. Биди толку уверен во себеси и својата моќ што нема да им дадеш до знаење дека постои шанса да те повредат.

Прегледи:
617
Објавено на:
29.07.2020