Категории

БИК – СРЕЌЕН ГОДИШЕН ХОРОСКОП ЗА 2022 ГОДИНА

Годишна прогноза за работа, семејство, љубов, пари и здравје.

Биковите ќе имаат многу причини за насмевки. Следната година ќе биде една од најдобрите во вашиот живот. Годишниот хороскоп предвидува дека 2022 за претставниците на овој знак ќе биде многу успешна. Ѕвездите ви се наклонети и носат големи деловни можности, но и добра парична заработка. Среќата ќе ве прати, а односот со членовите на семејството се подобрува.

Љубов

На зафатените Бикови партнерот ќе им биде голема поддршка, потпора и ќе ве поттикнува да напредувате во животот. Ќе ви даде доволно самодоверба за да бидете подготвени за повлечете некои важни чекори во животот. Особено убав период ве очекува во средина на годината, а тоа важи и за слободните претставници на овој знак.

Работа

Јупитер оваа година се наоѓа во вашето 11. поле, а тоа ќе делува поволно на вашата кариера. Може да очекувате забележителен напредок без разлика со што и да се занимавате. Доколку размислувате за започнување свој бизнис, сега е вистинскиот момент. Астролозите советуваат да не верувате на сѐ што ќе чуете и да се чувате од финансиски измами.

Пари

Ќе имате многу можности за добра заработка, предвидува годишниот хороскоп. Ѕвездите се на ваша страна. Ќе бидете изненадени со количината на пари која ќе ја заработите. Средината на годината е поволна за поголеми инвестиции и спроведување на плановите на дело.

Семејство

Сите несогласувања и недоразбирања кои што сте ги имале со членовите на најблиското семејство ќе ги решите. Следната година е добра за сериозни разговори и решавање на сите проблеми кои ве мачат со години. Вие, но и вашата околина ќе покажете повеќе разбирање и подготвеност за надминување на конфликти. Доколку повлекувате паметни потези, ќе уживате во мир и хармонија до крајот на годината. Астролозите советуваат добро да размислите пред било што да изговорите.

Здравје

Доколку имате некој порок како цигари, алкохол или претерана консумација на храна, време е да се ослободите од него, за да не дојде до здравствени проблеми. Биковите се познати хедонисти, но оваа година би било добро да бидат умерени во сѐ.

Прегледи:
1278
Објавено на:
14.12.2021