Категории

Бикини модели без фотошоп за новата кампања на Таргет

Новата колекција на Таргет не само што е веќе омилена на многу девојки, заради интересниот и тренди дизајн, таа е омилена заради тоа што ја покажува реалната страна за физичкиот изглед на повеќето девојки.

Со целулит и стрии, со облини и сосема природен изглед, овие девојки ја претставуваат колекцијата за престојното лето на Таргет. Тие одат чекор понапред од сите компании и ја доближуваат новата летна колекција до милион девојки, кои конечно не се чуствуваат лошо заради речиси совршениот изглед на топ моделите, кои сме навикнати да ги гледаме.

Нивниот портпалор вели „Таргет е решен да ги потикне жените да се чуствуваат самоуверено, преку нудејќи разновидни стилови на облека.“ Истакнуваат дека се среќни што работеле со толку самоуверени и инспиративни жени и се надеваат дека таа енергија ќе се пренесе на нивните клиенти.

Прегледи:
410
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
13.05.2017