Категории

Бил Гејтс откри која е најголемата грешка на компанијата Мајкрософт

Основачот на Мајкрософт ја сподели најголемата грешка за која се уште се кае.

Милијардерот и основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, ја сподели својата најголема грешка. Имено, Гејтс на една конференција открил дека неговата најголема грешка е кога на Гугл им дал прилика да го покренат Андроид, стандардна платформа која не припаѓа на Епл.
„Во светот на софтверот, посебно кога се работи за платформите, тоа е пазар во кој победникот зема се“- истакнал Гејтс, додавајќи дека најголемата грешка било лошото раководење кое доведо до тоа Мајкрософт да не биде тоа што е Андроид.


„Постои простор за само еден оперативен систем кој не е на Епл и колку вреди? 400 милијарди кои би завршиле кај компанијата М наместо кај компанијата Г “, истакнал Гејтс.
Гугл го купи Андроид за околу 50 милиони долари и во 2007 година најави нов мобилен систем кој ќе овозможи пристап на интернет на поголем број на луѓе.
Гејтс смета дека дозволувањето на Гугл да ја искористи приликата со Андроид е „една од најголемите грешки на сите времиња“.
„Ние сме водечка компанија. Да не погрешевме тука, ќе бевме најголема компанија. Но, добро“- заклучил Гејтс.