Категории

Бизарен тренд за убавина: Бричење на целото лице

Третманот dermaplaning познат под називот sori, одамна е познат и признат во Јапонија, светската beauty метропола, а од неодамна стана актуелен и кај западот. Под овој стручен термин се крие нешто многу едноставно и познато, а тоа е бричење на лицето.

Во салоните овај третман се изведува со помош не исклучително остри скалпери со кои лицето се „стружи“ под агол од 46 степени, а после тоа кожата се негува со мачкање на масло. После треманот на „бричење“, тенот е совршено мазен што апликацијата на шминка изгледа беспрекорно. Освен за припрема на лицето пред шминкање, овој третман се користи и за третирање на хиперпигментација и стини лузни и брчки.

И покрај познатиот мит дека со бричењето влакната стануваат потемни и погусти, кај лицето не е таков случај. Ситните влакна на лицето се велус тип на влакна за разлика од терминалниот тип кој е поцврст и погуст, што значи тие неможат да зајакнат, тврдат дерматолозите. Секако, блогерките пронајдоја ефтино решение: наместо посета на професионалец, лицето го бричат сами и тоа со најобичната алатка за секојдневна употреба.

Што мислите за овој третман и дали би го пробале и вие?

Прегледи:
1701
Објавено на:
05.03.2017