8. Избирајте храна која се вари побавно
Совет: Дури и храната која има приближен број калории се вари за различно време. Затоа, на пример, подобро е да појадувате јајца отколку овесни снегулки.
Ефект: На јајцата навистина им е потребно повеќе време да се сварат, а покрај тоа имаат и повеќе маснотии што заситуваат, па секако би требало да бидете сити до ручекот. Овој трик делува.
9. Средете се за оброкот
Совет: Ако сте формално или убаво облечени, потсвесно ќе почнете и да се однесувате така. Ќе јадете пополека и подолго ќе го џвакате секој залак. Исто така, тесната облека нема да ви дозволи да се прејадете.
Ефект: Овој трик делува, не само од овие причини туку и затоа што ќе јадете повнимателно, водејќи сметка да не се извалкате.
10. Изедете две коцки црно чоколадо кога сте гладни
Совет: Црното чоколадо во мали количини дава енергија, го убива апетитот и не дебелее.
Ефект: Важно е да изберете чоколадо кое има 70% или повеќе какао. Тоа навистина ќе ви го намали апетитот, но за жал, поголемиот дел од нас не секогаш го имаат при рака.
11. Акупунктура
Совет: Ставете го прстот на точката помеѓу горната усна и носот и масирајте околу 5 минути за да го намалите апетитот.
Ефект: Иако ова може да делува во некои случаи, кај нас тоа не се случи, па затоа сметаме дека овој трик не е делотворен.
12. Поделете ја храната на две порции
Совет: Нутриционистите препорачуваат да го поделите оброкот на половина и едната порција да ја јадете веднаш, а другата да ја оставите за подоцна.
Ефект: Можеби навистина ќе го спречите грицкањето лоша храна измеѓу оброците и секогаш ќе бидете сити и тоа без непријатното чувство на прејадување.
13. Џвакајте го секој залак по 40 пати
Совет: Колку подолго џвакате, толку вашиот мозок ќе има повеќе време да сфати дека е полн. Нутриционистите тврдат дека 40 е оптималниот број.
Ефект: Ова е доста стара метода и делумно е ефикасна. Најверојатно навистина ќе изедете помалку храна отколку обично, па вреди да се обидете.
14. Користете помали чинии
Совет: Користете помали чинии, бидејќи на нив ќе има помалку храна дури и кога целосно ќе ја наполните.
Ефект: Истата количина храна навистина изгледа потполно различно на голема и на мала чинија, па затоа ќе изедете помалку.
Генерален заклучок:
Иако најдобриот начин за да ги изгубите непотребните килограми е правилната исхрана и физичката активност, некои од овие методи може навистина да ви помогнал полесно да го пребродите периодот на слабеење и да ја намалите количината на храна што ја внесувате. Секако, можете и самите да ги испробате сите овие совети за да откриете кој е најдобриот за вас.
1 2